„Куманово-Паркинг“ планира Б зона во поширокото централно градско подрачје

Сподели со своите пријатели

Проширување на Б зоната за паркирање во Куманово е приритет за Јавното претпријатие „Куманово Паркинг“ за тековната година, информираа денеска надлежните. На овој начин ќе се намали сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Програмата за работа веќе ја изгласаа советниците.

Loading...

– ЈП веќе е во фаза на подготовка на нови паркинг места на јавно прометните површини каде има законска можност со кои ќе се реши сообраќајниот метеж. Општина Куманово заедно со задолжените јавни претпријатија „Куманово план“, ЈП „Водовод“ и СВР Куманово кое ги подготвува сообраќајните решенија привршува со решение за булеварот „Трета МУБ“ со кое ќе се обезбеди паркирањето од влезот на Куманово долж целиот булевар. Со ова ќе се растовари метежот и ќе има ред, изјави директорот на претпријатието, Сашо Петрушевски.

Во претпријатието веќе пристигнало и барање од станбените домари кои побарале решавање на метежот и на булеварот „Октомвриска револуција“ и исцртување на паркинг места. Со нови паркинг места на двата булевари, Петрушевски очекува да се намали метежот во централното градско подрачје.

– Градоначалникот вети и повеќе катни гаражи ќе се намали притисокот во централно градско подрачје, додаде Петрушевски.

Тој информираше дека во други помали градови Струмица, Битола има повеќе паркинг места во однос на Куманово која е најголема општина, а има само 570 места за кои за А зона се плаќа 30, додека за Б зона 20 денари.

– Ќе продолжиме со овие цени за да не го оптеруваме буџетот на граѓаните, додава Петрушевски.

Тој очекува поефикасно решавање на проблемот со паркинг и отстранување на непрописно паркираните возила со новото пајак возило кое се очекува да пристигне преку општинската набавка на повеќе возила, работни машини, опрема преку задолжување.

-Основна забелешка на граѓаните е да се отстранат непрописно паркираните возила во градот, изјави Петрушевски.

Loading...

МИА