Куманово ќе гради потпорен ѕид во урбаната единица „Благој Стефковски Гојчо“

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе гради потпорен ѕид на улицата „100“ во урбаната единица „Благој Стефковски Гојчо“, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности.

Loading...

Улицата ги поврзува „Благој Стефковски Гојчо“ и булеварот „Трета Македонска Ударна бригада“ во поширокото централно градско подрачје.

Општина Куманово избра компанија за изведување на градежните фирми.

Како што е наведено на страната на електронскиот систем за јавни набавки, општината ќе одвои 7.274.700 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот избрана е компанијата „Евроградба-инженеринг Дооел“, од општина Василево. На јавниот повик се пријавиле три компании од Свети Николе, Липково и Василево.

 МИА