Кумановка украла детска количка, пасоши и пари на турски државјанин

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишна кумановка украла детска количка и ранец во кој имало патни исправи, пари и други предмети сопственост на турски државјанин.

Loading...

– На 15.07.2023 во 17.00 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар ја лишиле од слобода А.З.(20) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Таа се сомничи дека околу 11.30 часот на ул.„Бит Пазарска“ од Ф.Ј.(44) од Република Турција одзела детска количка со ранец, патни исправи , пари и други предмети.

Со А.З. бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признала делото.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КУМАНОВО: Колку луѓе гласаа до 18:30 часот?

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Никола Ивановски