Кумановка тешко повредена во сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Сподели со своите пријатели

Триесет и шестгодишна кумановка била тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на патот Охрид – Кичево.

Loading...

– На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат оттаму, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево.

– Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Тромеѓа нападнат во Пчиња

Никола Ивановски