Кумановка тешко повредена при судир на „ауди“ и „смарт“

Сподели со своите пријатели

Шеесет и двегодишна кумановка се здобила со тешки телесни при судир на „смарт“ и „ауди“ на патот Куманово – Липково.

Loading...

– На 08.04.2024 околу 16.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Куманово – Липково, во атар на село Опае, липковско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. (27) од Куманово и патничко моторно возило „смарт“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А.(62) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.А. констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово се избори за Прва лига

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Никола Ивановски