Кумановка тешко повредена, откако 21-годишник удрил во неа со автомобил

Сподели со своите пријатели

На локалниот пат Куманово – село Табановце, во близина на крстосницата со пат кој води кон селото Горно Којнаре, во Куманово, вчера околу 18:40 часот патничко возило „Опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.С.(21) од село Долно Којнаре, кумановско, удрило во пешакот Е.П.(26) од истото село и го напуштил местото на несреќата, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Во незгодата, како што појаснуваат од кумановската полиција Е.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Ургентен центар Куманово за укажување лекарска помош.

Возачот бил пронајден и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply