Кумановка приведена откако полицијата ѝ пронашла дрога

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишна кумановка била приведена во текот на изминатиот викенд откако полицијата во домот ѝ пронашла марихуана и дигитална вага.

Loading...

– На 23.09.2023, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ја лишиле од слобода С.М.(24) од Куманово. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето, како што додаваат од МВР, било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски