Кумановец украл чанта со пари, полицијата го приведе

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишен кумановец е приведен под сомнение дека украл чанта со пари и други предмети од возило.

Loading...

– Денеска (18.10.2023) во 10.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека на 15.10.2023 од возило сопственост на Б.С. од Куманово одзел чанта со пари и други предмети.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот,а лицето било задржано во полициска станица.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски