Кумановец со нож се заканувал на својот татко, па го повредил својот другар

Сподели со своите пријатели

Четириесетгодишен кумановец ќе одговара за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, откако го повредил својот другар кој се обидел да му го одземе ножот со кој се заканувал на својот татко.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавениот на 29.02.2020 околу 02,00 часот во приземна просторија од куќа на ул.“120“ во Куманово, започнал расправија со неговиот татко И.Д.(64), по што зел кујнски нож и му се заканил, a во момент кога неговиот другар А.А. му го одзел ножот, истиот се здобил со телесна повреда на десната дланка.

Никола Ивановски

Leave a Reply