Кумановец со автомобил удрил во малолетен пешак

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишен кумановец, со своето моторно возило удрило малолетен пешал во Скопје.

Loading...

– На 05.12.2020 во 13.15 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Благоја Стефковски“, патничко возило „киа“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од с.Табановце, кумановско, удрило во малолетен пешак од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Никола Ивановски

Leave a Reply