Кумановец пронајден починат во барака на градежна фирма

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен кумановец бил пронајден починат во барака на градежна фирма.

Loading...

– На 22.11.2021 во 08.00 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека во барака на градежна фирма на патот Ранковце – Крива Паланка бил пронајден починат работникот М.Б.(56) од село Орашац, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Извршен бил увид, а од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Никола Ивановски