Кумановец приведен со прашкаста материја и вага

Сподели со своите пријатели

Триест и деветгодишен куманвоец бил приведен вчера откако полицијата му пронашла прашкаста материја и дигитална вага.

Loading...

– На 02.05.2023 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода И.С.(39) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што стои во соопштението на кумановската полиција, И.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски