Кумановец пријавил подметнат пожар во неговата и куќата на неговиот татко

Сподели со своите пријатели

Дваесет и четиригодишен кумановец викендов пријавил дека непознат сторител предизвикал пожар во неговата, но и во куќата на неговиот татко.

Loading...

– На 20.11.2021 во 01.05 часот К.М.(24) од Куманово пријавил дека непознат сторител предизвикал пожар во неговата куќа и куќата на неговиот татко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијат,а пожарот бил изгаснат од сопствениците на куќите.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

– Се работи на расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи.

Никола Ивановски