Кумановец осомничен за перење пари

Сподели со своите пријатели

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Пријавениот, во 2014 година, со намера да ги искористи поволностите како повратник од странство за увоз на возило, за увезено возило од Швајцарија на кое не бил сопственик, изготвил лажен купопродажен документ и го приложил во Биро за метрологија и правно лице – техничка служба за идентификација и добивање согласност за регистрација.

Врз основа на лажниот договор, тој го регистрирал возилото на свое име, по што во 2016 година го продал на друго лице во Тетово.

Leave a Reply