Кумановец објавувал компромитирачки содржини од поранешната девојка

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишен кумановец се здоби со кривична пријава под сомнение дека објавувал компромитирачки материјал за неговата поранешна девојка.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривичнa пријавa против Д.Т.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата,  пријавениот креирал профил на социјална мрежа Фејсбук каде објавувал компромитирачки содржини во врска со  неговата поранешна девојка.

Никола Ивановски