Кумановец нападнал полициски службеници во угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец викендов бил приведен откако физички нападнал полициски службеници додека биле на интервенција.

Loading...

– На 11.03.2023 во 15.20 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода Ќ.Р.(44) од Куманово затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Полицајците, како што појаснуваат од МВР, во тој момент постапувале во врска со претходно пријава од Р.И.(47) од селото Слупчане дека околу 15.00 часот во угостителски објект во Куманово пријавениот Ќ.Р. агресивно се однесувал кон присутните и физички го нападнал Р.И.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

– По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од полицијата.

Никола Ивановски