Кумановец крадел од дворови на приватни имоти во април

Сподели со своите пријатели

Дваест и седумгодишен кумановец бил приведен под сомнение дека во април извршил повеќе кражби од дворни места низ Куманово.

Loading...

– На 12.04.2023 во 09.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р.(27) од Куманово, информираат од Секторот за внаатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека во текот на април 2023 од дворни места на приватни имоти одзел повеќе предмети.

– С.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски