Кумановец ќе одговара за убиство во обид, двајца други за насилство

Сподели со своите пријатели

Триесетгодишен кумановец заработи кривична пријава поради убиство во обид, додека две други лица се сомничат за кривично дело насилство.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.З.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“, А.Г.(27) и Д.П.(26) двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, пријавените на 31.05.2020 околу 23,30 часот на ул.“Октомвриска револуција“ во Куманово во близина на угостителски објект го забележале оштетениот М.Т.(28) од Куманово и започнале расправија, по што второ и трето пријавениот физички го нападнале, а првопријавениот со нож му нанел повреди.

Никола Ивановски

Leave a Reply