Кумановец ја нападнал својата ќерка и оштетил дел од покуќнината

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четиригодишен кумановец физички ја нападнал својата ќерка во Скопје и оштетил дел од нејзината покуќнина.

Loading...

– Денеска (04.04.2024) во 05.40 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена од Скопје пријавила дека на 03.04.2024 околу 23.00 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот татко Д.Ј.(64) од Куманово, кој оштетил и дел од покуќнината, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнал полицаец на фудбалски натпревар, па му се слошило