Кумановец доби две кривични пријави за предизвикување општа опасност

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, на 18.10.2019 на улицата „15 – ти Мај“ во Куманово пријавениот запалил оган во близина на паркирано патничко возило „опел астра“, сопственост на О.П.(38), при што настанал пожар во кој возилото не било зафатено.

Во друг случај кривична пријава против истото лице исто така е поднесено за „предизвикување општа опасност“, бидејќи од својот дом со воздушна пушка испукал во правец кон куќата сопственост на С.П., при што направил оштетување на фасадата од куќата, а потоа упатил закани по животот и семејството на С.П, информираат од МВР.

Leave a Reply