Кумановци со кривични за насилство

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против дваесетгодишните Б.С. и К.С.  двајцата од Агино Село, и против В.М. (21 ) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 25-ти март годинава  околу 03.45 часот на ул. „Борис Кидрич” во Куманово пријавените физички од зад грб го нападнале Д.Б. од Куманово, ударајќи го со тупаници и нозе во пределог на главата при што му нанеле видливи телесни повреди и предиазвикале чувство на загрозување, страв и несигурност.

Loading...

За сторено кривично дело насилство полицијата поднесе пријави и против А.Е. (22 години ), А.А. (19) и М.Д. (21 година), сите од Куманово. На 15-ти ноември минатата година, околу 03.30 часот на улицата „Илинденска“ во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавените со уште едно непознато лице, физички го нападнале Л.Ф. од Куманово,  удирајќи го со дрвени палки и тупаници по главата и телото, при што му нанеле телесна повреда, а потоа со дрвена палка ги скршиле и стаклата од возилото на оштетениот.

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава и против четириесет и четиригодишниот О.З и двајца непознати сторители, поради сомнение исто така за насилство. Пријавените на 19-ти февруари околу 20:30 часот на улица Средорек, пред куќен број 65 без повод и причина физички го нападнале оштетениот В.В од Германија удирајќи го со клоци и тупаници по телото, нанесувајќи му телесна повреда.

 

Leave a Reply