Кумановци се тепале во угостителски објект, го оштетиле и инвентарот

Сподели со своите пријатели

Три лица од Куманово биле приведени викендов под сомнение дека физички нападнале двајца сограѓани во угостителски објект.

Loading...

– На 17.04.2023 во 00.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.К.(24), М.К.(21) и М.С.(29), сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што посочуваат од полицијата, тие се сомничат дека во угостителски објект на улица „Партизанска“ во Куманово физички ги нападнале Б.М.(31) и С.К.(33) од Куманово и оштетиле дел од инвентарот.

Тие биле приведени во полициска станица, а како што стои во соопштението на кумановската полиција, по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Никола Ивановски