Кумановци непрописно паркирале, па натепале вработен во Градски паркинг во Скопје

Сподели со своите пријатели

Двајца кумановци првин се паркирале непрописно, а откако им била изречена казна го натепале скопјанецот кој ги казнил.

Loading...

– На 31.01.2020 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје,  З.М.(59) и Г.М.(34), двајцата од селото Љубодраг, кумановско,  физички го нападнале Ж.К.(50) од Скопје, вработен во Градски паркинг Скопје, велат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, причина за физичкиот напад било нивното незадоволство од платената казна за непрописно паркирање.

Лицата биле приведени и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Leave a Reply