Кумановци најдисциплинирани според статистиката на МВР

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Куманово според денешната статистика на Министерството за внатрешни работи, се покажаа како најдисциплинирани во изминатиот викенд кога на сила беше 80-часовното ограничување на движењето.

Loading...

Од четврток до денеска на подарчјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, полициските службеници регистрирале 52 непочитувања на владината уредба за задолжително носење заштитна маска, а констатирани биле 38 прекршувања на полицискиот час.

Помалку прекршувања на полицискиот час имаат регистрирано Охрид и Велес, но таму има поголем број изречени казни за неносење заштитна маска.

 

 

Притоа, на подарчјето на СВР Куманово, нема регистрирани прекршувања кај ниту еден угостителски објект.

Најголемо непочитување на полицискиот час е регистрирано во Струмица, каде се регистрирани 417 прекршувања. За неносење заштитна опрема неславниот „рекорд“ го однесе Скопје, додека пак во однос на угостителите најголеми прекршувања биле регистрирани во Охрид, дури 18.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply