Кумановци ја поздравуваат иницијативата за проширување на автобуските постојки

Сподели со своите пријатели

Кумановци ја поздравуваат иницијативата на локалната самоуправа за  проширувањето на автобуските постојки на улицата „Гоце Делчев“, спроти зградата на Здравствениот дом, популарно наречен Уред.

Loading...

Тие се надеваат дека на овој начин ќе се намали сообрќајниот метеж, но и ќе се овозможи простор за корисниците на јавниот превоз на самата постојка. 

Имено, се прошируваат двете страни на коловозот со машински ископи, а на првата  страна веќе е поставена и асфалтна маса.  

-Мислам дека ќе се намали метежот, подобро е. Сега има простор и да се паркираат возилата, луѓето да застанат. Мислам дека се што се прави е подобро. Често чекам овде автобус, ја користам постојката, сега е супер, подобро е-истакна една кумановка.

-Сигурно дека ќе се намали метежот, поубаво е сега направено, инаку претходно автобуси, такси, немаше каде да застанеш, сега е подобро-дополни уште една кумановка.

– Поздравувам што се прават  автобуските постојки, се менува местото, каде што беше блиску до крстосниците сега за 200-300 метри  е подалеку улицата да биде ослободена, за поздрав е и нека продолжи вака раководството кое што го води градот, за овие неопходни потреби на граѓаните-посочи еден кумановец.

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски посочи дека согласно сообраќајните анализи и студии ќе се утврди дали ќе се прошируваат, но и отворат нови постојки во градот. Нагласи дека Куманово има изградена инфраструктура за 7.000 моторни возила, а во моментов на територија на општината се регистирани над 27.000 моторни возила.

-Неминовно е да се откочи сообраќајниот метеж бидејќи е тесно грло во градот, моравме за жал да отстраниме две долгогодишни дрвја но им ветувам на граѓаните дека ќе бидат засадени најмалку 400 нови листопадни садници во текот на оваа есен во градското подрачје, а на овој начин со ова сообраќајно решение ќе се надмине колку-толку сообраќајниот метеж кој што се јавува. Како што знаете на таа локација функционираат и одредени дополнителни дејности, има и перални и слично сето тоа ќе биде регулирано со новото сообраќајно решение одредени објекти од времен карактер ќе бидат дислоцирани од самата улица, се со цел да се отворат тротоарите да се стават во функција на пешаците, а сообраќајната површина да се стави во функција на моторните возила-нагласи првиот човек на градот.

Loading...

Со цел намалување на метежот во сообраќајот општината работи и на изградба на првиот кружен тек, кој ќе се наоѓа на влезот на градот.

Leave a Reply