#Култура за Куманово #Куманово за култура продолжува со интензивни активности

Сподели со своите пријатели

И месецов продолжуваат активностите во рамки на проектот  #Култура за Куманово #Куманово за култура, имплементиран од Граѓанскиот Центар АктивУм Куманово.

Loading...

Во минатите месеци во рамки на проектот се реализираа фото работилници, фото конкурс и беа доделени три награди за фотографиите кои најдобро го отсликуваат Старо и Ново Куманово.

Марина Крстиќ вели дека на фото работилниците имало 20 учесници од различни етнички заедници, Македонци, Срби, Албанци, а за учесниците се подготви и прирачник за улична фотографија.

– Нивниот ентузијазам беше неверојатен, продуцираа одлични фотографии – вели Крстиќ.

На фото конкурсот кој следеше пристигнаа 181 фотографија, а првата награда за најдобра фотографија се додели на “Поздрав од Куманово”, на авторката Вилторија Златковиќ.

Во октомври се случи и првиот уличен фестивал КуманиУм на кој учествуваа над 300 креативци, уметници, бендови, атлети кои направија одлична атмосфера на градскиот плоштад. Илјадници кумановци, уживаа во уметноста, го прославија значајниот јубилеј на 500 години Куманово преку забава, танц, драма. Учесници од 7 до 77 години го оценија уличниот фестивал како извонредно организиран. Тие бараат општината да продолжи со поддршката на „КуманиУм“ и наредните години.

Loading...

– Искрено, би сакала овој фестивал да прерасне во традиција, бидејќи на Куманово му е потребна ваква манифестација. Уметниците од Куманово и регионот ќе имаат прекрасна можност да се презентираат. На фестивалот имаше опфатено буквално се, од гранките на уметноста, па заслужува да се одржува секоја година – изјави, Магдалена Нешковски од „ Поинаква Ти“.

Фросина Ирис од компанијата „Фросина Абито“ се презентираше со рачни изработки и е презадоволна од посетеноста на фестивалот.

– Овој фестивал беше прекрасна можност за нас уметниците да излеземе и да се презентираме пред сограѓаните, да ги покажеме делата и да потенцираме дека рачна изработка се уште постои. Убаво би било доколку фестивалот продолжи и во наредните години – вели Фросина.

Надлежните од АктивУм најавуваат нови возбудливи активности во кои ќе се промовира културата, и ќе се истакнат креативците од градот кои ќе придонесат за промоција на градот, кој годинава одбележува пет века постоење.

Веќе се подготвува фото изложба на дел од фотографиите кои пристигнаа на конкурсот и кои ќе бидат изложени пред пошироката јавност. Кумановци ќе имаат можност да го разгледаат и фото албумот со разгледници од Куманово.

– Изложбата и промоцијата на фото албумот ќе се случат во декември, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово – најави Марија Тошева од АктивУм.

Loading...

Проектот #Култура за Куманово #Куманово за култура ја вклучува локалната заедница, овозможува да се разбере и промовира традицијата, материјалното, нематеријалното наследство и историјата на мултикултурно и мултиетничко живеење што е богатство на локаланата традиција и култура на Куманово.

#Култура за Куманово #Куманово за култура е поддржан од „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)”, финансирана од Европската унија, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот е ко-финансиран од Општина Куманово.

Leave a Reply