Куќа викендов изгорела во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две простории и дел од кров пеплосал пожар кој викендов зафатил куќа лоцирана на улицата „Јане Сандански“ во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи пожарот се случил ноќта меѓу недела и понеделник.

Во период од 03:30 до 04:15 часот интервенирале петмина пожарникари.

Причинета е материјална штета, чија висина засега е непозната.

Кумановските пожарникари во истото деноноќие бележат и две интервенции на запален смет во населбата Перо Чичо.

За време на продолжениот викенд кумановските пожарникари интервенирале и на запален оџак на улицата „Ужичка“, кај ТЦ „Сума“ горел запален контејнер за смет.

Во селото Черкезе интервенирале при спасување животно кое паднало во каналот, додека на улицата „Никола Тесла“ гаснеле запалена сува трева.

Никола Ивановски

Loading...