Куќа опожарена викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куќа лоцирана на улицата „Милан Лисица“ во Куманово викендов била зафатена од пожар.

Loading...

– Денеска (19.03.2023) во 02.55 часот било пријавено дека во Куманово, на улицата „Милан Лисица“, настанал пожар во куќа сопственост на А.Д., информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица од Куманово од каде петмина пожарникари интервенирале во период од 02:45 до 04:20 часот.

Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски