Куќа изгоре во пожар во липковско

Сподели со своите пријатели

Куќа изгорела вчера во пожар во селото Виштица, Општина Липково.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, шест пожарникари со две противпожарни возила од Куманово учествувале во гаснење на пожарот.

Интервенцијата започнала околу 01:55 часот и траела дури до 05:00 часот.

Причините за избувнување на пожарот и материјална штета се непознати и дополнително ќе се утврдуваат со стручни лица, велат од РЦУК.

Никола Ивановски

Leave a Reply