Куќа изгоре во пожар во кумановско Проевце

Сподели со своите пријатели

Куќа целосно изгорела во кумановското село Проевце откако вчера била зафатена од пожар.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, петмина пожарникари со едно противпожарно возило учествувале во гаснење на пожарот.

Причината за избувнување на пламените јазици засега е непозната.

Никола Ивановски