Куба моли за американска помош, цела земја остана без струја

Сподели со своите пријатели

Кубанската влада упати ретко барање за итна помош до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, откако ураганот Иан го остави целиот остров од 11 милиони луѓе без струја, објави во петокот Волстрит џурнал.

Loading...

Ураганот Иан ја опустоши островската држава во вторникот – предизвикувајќи прекини на електричната енергија низ целата земја, израмнувајќи ги домовите и уништувајќи ги посевите.

Кубанците организираа антивладини протести поради прекинот на електричната енергија, што ја зголеми загриженоста за недостигот на храна, гориво и лекови.

Вашингтон проценува дека доколку администрацијата на Бајден обезбеди помош, кубанските власти ќе им дадат приоритет на болниците, капацитетите за транспорт на вода, санитарните јазли и друга клучна инфраструктура, објави Волстрит журнал, цитирајќи преглед на е-пошта комуникациите.

Стејт департментот не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот, ниту пак кубанската амбасада во Вашингтон.

Бајден вети дека повторно ќе соработува со Куба по години напнатост меѓу Хавана и Вашингтон.

Но, задушувањето на масовните протести од страна на Куба во јули минатата година резултираше со санкции против кубанските власти.

Кубанската влада ја обвини за протестите вмешаноста на САД.

Loading...