Кривична за фирма од Режановце и нејзиниот сопственик

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Д.(54) од село Режановце, кумановско и ДПТУ „Бохуд ДООЕЛ“ увоз – извоз Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или повластување на доверители“.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, првопријавениот, како сопственик и управител во второпријавеното правно лице, во периодот од 2013 до крајот на 2015 остварил негативни резултати при работењето, за што сметката на друштвото била блокирана.

Со намера да го одбегне целосното плаќање на данок, како и подмирувањето на достасаните обврски спрема доверителите, го продолжил нерентабилното работење на друштвото, неиницирајќи постапка за поведување на стечај.

Во наведениот период лажно прикажувал податоци во финансиските извештаи, кои ги доставувал до Централниот регистар на Р.С.Македонија.

При извршена контрола од Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Штип, во 2016 констатиран е прикриен данок од 1.050.943 денари, за што против првопријавениот била водена судска постапка, а над второпријавеното правно лице била отворена стечајната постапка.

Од изготвените наод и мислење било потврдено дека во 2013 е прикажана залиха на недовршено производство и залиха на готови производи од 7.766.320 денари, кои од Стечајниот управник на второпријавеното правно лице не се пронајдени во магацинот, за кој износ пријавените се стекнале со лична корист, а на штета на доверителите кои во стечајната постапка пријавиле побарувања во вкупен износ од 8.544.761 денари, од кои Регионалната дирекција Штип на Управата за јавни приходи при Министерството за финансии, пријавила побарувања во износ од 1.305.892 денари, за кој износ е оштетен Буџетот на Р.С.Македонија, велат од МВР.

Leave a Reply