Кривична за царински службеник од Царинарница Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(35) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Пријавениот, извршувајќи службени работни задачи како царински службеник – водач на смена во Отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце – автопат во Царинарница Куманово при Царинската Управа на Р.С.Македонија, на работна смена од 20.00 часот на 27.07.2019 до 08.00 часот на 28.07.2019, несовесно постапил во вршење на своето дискреционо овластување со пропуштање на должен надзор како единствен непосреден старешина на смената.

На тој начин, како што појаснуваат од полицијата, им овозможил на двајца царински службеници и други кои биле на смена во посочениот период, на влез во Р.С.Македонија, од граѓаните кои остварувале влез во Р.С.Македонија на Граничниот премин „Табановце“ противправно за себе да наплатат 1.670 евра и 190 швајцарски франци, а на штета на Буџетот на Р.С.Македонија, преку избегнување на царински давачки за роба која подлежи на царинење при влез во Р.С.Македонија.

Leave a Reply