Кривична пријава за вработен во кумановскиот затвор

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово до Основно јавно обвинителство Куманово, поднесена е кривична пријава против И.Б.(44)од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од КЗ на РМ, информираат од СВР Куманово.

Loading...

Имено, И.Б, вработен во Затвор Куманово – отворено одделение Крива Паланка, лоциран во село Кшање, кумановско, Одделение за стручно – инструкторски работи-Сектор за ресоцијализација, на работно место Самостоен референт за практична обука на осудени лица од областа на дрво – преработувачка дејност со звање „самостоен референт“, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ја злоупотребил неговата службена должност и овластување и во просторија лоцирана во кругот на затворот со намера да го продаде на осудените лица во Затворот за одреден паричен надоместок, внел и прикрил еден мобилен телефон, со што постапил спротивно на Наредбата од 21.08.2017 година, донесена од В.Д. Директорот на затворот .

Leave a Reply