Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски добил кривична пријава, а веста самиот ја сподели на социјалните мрежи.
Се претпоставува дека пријавата е поднесена поради неодамнешните случувања, кога Димитриевски се тестирсше за коронавирус во приватна лабораторија.
Кривична пријава?
– Класична злоупотреба на инструментите на власта.
– Легитимна постапка со независни и непристрасни професионалци ќе ја покаже вистината.
Навикнат сум на борба.
И понатаму со ист интензитет заедно со истомислениците ќе продолжам да се борам.
Во минатото се борев против режим. Дали е на повидок нешто слично?
Мојот приоритет во овие моменти е борба против епидемијата и здравјето на граѓаните.
Правдата и вистината секогаш победува!
#StopKorona #НемаПравдаНемаМир, напиша Димитриевски.