Кремљ: Односите со Вашингтон ќе останат лоши без оглед на резултатите од изборите

Сподели со своите пријатели

Односите меѓу Москва и Вашингтон ќе останат лоши без оглед на резултатите од среднорочните избори во Соединетите Американски Држави, објави Кремљ.

Loading...

„Овие избори, во основа, не можат ништо да променат. Нашите односи засега се лоши и ќе останат такви“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските агенции.

Републиканската партија е на пат да ја преземе контролата врз Претставничкиот дом на САД од Демократската партија, покажуваат прелиминарните резултати од американските избори.

Гласачите во Америка вчера ги избраа сите 435 членови на Претставничкиот дом на Конгресот и 35 од 100-те членови на Сенатот.