Креирана долна облека која може да се носи со недели без перење

Сподели со своите пријатели

Дански иноватори, основачи на старт-апи под името „Organic Basics“, претставија линија на долна облека кој може да се носи со недели без перење.

Loading...

Оваа необична иновација наишла на бројни осуди во јавноста која се прашува зошто воопшто е потребно постоење на облека која не мора да се пере.

Меѓутоа во Organic Basics“ велат дека нивниот изум може да биде користен за многумина. Претставниците на оваа компанија сакаат да го користат нивниот производ да троши што помалку вода за перење на облеката.

– Традиционалниот начин на купување, носење, перење и фрлање на долната облека е ужасно губење на ресурси. И тоа е исклучително штетно за животната средина. Нашата долна облека можете да ја носите со седмици. Со тоа штедите пари и време, вели 27-годишниот Мадс Фибигер, извршен директор и коосновач на Organic Basics“.

Линијата на оваа облека е достапна во целиот свет, освен во Русија. Пакувањето од два пара „Silver Tech“ маши боксерки чини 64 долари, додека женските се 56.

Во Organic Basics“ велат дека продале над 200.000 парчиња и дека имаат околу 50.000 свои активни купувачи.

Leave a Reply