Кравите во Турција носат очила за виртуелна реалност: Сопстениците велат дека така даваат повеќе млеко (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Амбициозниот проект Metaverse полека се развива и светот со нетрпение ја очекува неговата премиера, во режија на Марк Закерберг. Сепак, VR технологијата (виртуелна реалност) не е само за луѓето.

Loading...

На почетокот на 2021 година беше објавена веста дека фармерите на фармата РусМолоко, во близина на Москва, користат  очила за  виртуела реалност да ја смират вознемиреноста на кравите, што придонесува за подобро производство на млеко.

Сега се појавија вести за сличен експеримент во Турција, кој за кратко време даде позитивни резултати, пренесува Interesting Engineering.

 

 

Подобри резултати

Изет Кочак користи  очила за виртуела реалност  на фарма во Аксарај, така што кравите имаат зелени пасишта пред очи, осветлени од сонцето, наместо погон за производство на млеко.

Loading...

Пред тоа, Кочак им свирел класична музика на животните, со цел да ги израдува и на тој начин да поттикне подобра продуктивност.

– Во првата фаза ставивме очила за ируелна реалност на две крави и ги следевме настаните во наредните 10 дена. Забележавме зголемување на односот квалитет и квантитет – откри турскиот земјоделец.

Тој додава дека количината на млеко е зголемена од 22 на 27 литри. Иако резултатите се позитивни, целиот процес покрена етички прашања, бидејќи во такви ситуации животните немаат перцепција за реалниот свет.