Кралицата Елизабета ноќта ја минала во болница

Сподели со своите пријатели

Кралицата Елизабета се чувствува подобро по ноќта помината во болница.

Loading...

Британската министерка за здравство Џилијан Киган денеска изрази надеж дека кралицата Елизабета ќе се чувствува подобро откако ја поминала ноќта во болница.

Кралицата (95) ноќта во средата ја минала во болница поради, како што наведува Бакингемската палата, „прелиминарните испитувања“, но во четвртокот се вратила во замокот Виндзор, каде била расположена, пренесува Ројтерс.

„Сите сме загрижени за она што го слушнавме, но апсолутно сме пресреќни што се чини дека е подобро“, рече Киган, додавајќи дека кралицата е „толку фантастична“ и дека се надева дека ќе се чувствува подобро денес.