Крадец остана без пиштол, а за малку и без панталоните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата во американската држава Колорадо објави видео снимка од безбедносна камера на која се гледа маж кој, во обид да ограби продавница за електронски цигари во Аурора, на комичен начин останува без пиштолот, а за малку и без панталоните, пренесуваат американските медиуми.

На снимката се гледа маж со качкет и наочари за сонце како влегува во продавница, доаѓа до касата и го вади пиштолот кој во тој момент му испаѓа од рацете и паѓа на другата страна од тезгата, покрај продавачката.

Му влегле во домот со план за кражба, а тој ги силувал пет дена (фото)

Loading...

По неуспешниот обид да ја прексокне тезгата и да го земе оружјето, несудениот крадец одлучува бргу да ја напушти продавницата, но при бегството доживува уште една непријатност.

Имено, откако излегол од продавницата, се гледа како панично ги крева панталоните, кои во меѓувреме му се спуштиле до колена.

Локалната полиција моментално се обидува да го идентификува „неспретниот крадец“.

https://twitter.com/LynnetteWYMT/status/1039891464061444097

Leave a Reply