Косовец баран со потерница приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Жител на Косово за кој постоела распишана потерница, вчера попладне бил приведен на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 14.02.2022 во 15.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во  Р.С.Македонија, при извршена проверка на Л.А.(34) од Косово, било констатирано дека согласно оперативната евиденција за него е распишана потерница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски