Косовар приведен на Табановце со патни исправи на државјанин на Албанија

Сподели со своите пријатели

Житле на Косово вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце, откако приложил патна исправа од друго лице, жител на Албанија.

Loading...

– На 17.08.2021 во 16.00 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници го привеле Л.К.(46) од Република Косово, бидејќи при пасошка контрола приложил албанска патна исправа на име од О.Х.(34) од Република Албанија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски