Кошаркарките на Куманово утре против Пониква

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре го играат натпреварот од 13. коло од втората лига и на гостински терен ќе ги одмерат силите со Пониква.

Loading...

По минатонеделната голема победа со која кумановки го симнаа Шкупи од врвот на табелата, овој пат кумановки тргнуваат во нова победа уште помотивирани да се искачат погоре во табелата.

Кумановки од почетокот на сезоната имаат три победи со кои се на седмата позиција, додека Пониква има двојно повеќе и е на четвртата позиција.

Утрешниот меч започнува 14 часот во салата „Никола Карев“ во Кочани.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково крадел возила низ Скопје