Командантот на Азов е жив: Од заробеништво се јавил на сопругата

Сподели со своите пријатели

Главниот командант на Азов, кој до минатата недела се бореше за да ја задржи украинската контрола врз јужниот пристанишен град Мариупол, е жив и здрав на територијата под руска контрола, изјави неговата сопруга по краткиот телефонски разговор, објави „Тајмс оф Израел“.

Loading...

Катерина Прокопенко, сопругата на лидерот на Азов, Денис Прокопенко, вели дека нејзиниот сопруг ја прашал како е, но дека врската била прекината пред тој да каже нешто за себе.

 

Сорос: Цивилизацијата можеби нема да ја преживее руската инвазија на Украина

 

Тој вели дека телефонскиот разговор бил возможен поради договорот меѓу владите на Украина и Русија и благодарение на посредништвото на Црвениот крст кој посетил дел од украинските борци кои се предале.

Да потсетиме, Русите на 21 мај објавија дека целосно ја презеле челичарницата Азовстал. Тогаш последната група бранители на Азовскиот полк се предаде.

 

Loading...

Гувернерот на Луганск: Русите едноставно го бришат Северодонецк од лицето на земјата

 

Русите  рекоа дека до 16 мај, 2.439 „неонацисти од Азов и украински војници“ заробени во фабриката за челик „го оставиле оружјето и се предале“.