ОН ги повикаа Талибанците да ги укинат ограничувањата за девојчињата и жените

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика властите на авганистанските талибанци „брзо да ги променат“ политиките и практиките кои ги ограничуваат човековите права на жените и девојчињата, оневозможувајќи им пристап до образование, вработување и слобода на движење.

Loading...

„Овие ограничувања се спротивни на очекувањата на меѓународната заедница и на обврските што талибанците ги преземаа кон авганистанскиот народ“, рече Советот.

Кога Талибанците првпат владееле со Авганистан од 1996 до 2001 година, жените и девојчињата биле подложени на строги ограничувања, оставени без образование и без учество во јавниот живот.

 

Убиецот од Тексас на Инстаграм објавил фотографија од оружјето

 

Откако американските сили ги соборија талибанците по нападите на 11 септември 2001 година во САД, авганистанските девојки посетуваа училишта и универзитети во следните 20 години, а многу жени станаа докторки, правници, судии, членови на парламентот и сопственици на бизниси.

Забрана за школување

Loading...

Откако талибанците повторно го зазедоа главниот град на 15 август минатата година, додека силите на САД и НАТО беа во последната фаза на повлекување од Авганистан, тие ветија поумерена форма на владеење.

Ветувањето вклучуваше овозможување на жените да го продолжат своето образование и работа надвор од домот и отсуство на правила за облекување и покривање на жените.

Во последниве недели, талибанците продолжија со строго владеење, потврдувајќи ги најлошите стравови на активистите за човекови права и дополнително комплицирајќи ги односите со меѓународната заедница.

 

Бајден по масакрот во Тексас: Кога ќе го запреме лобито за оружје?

 

На почетокот на овој месец, талибанците наредија сите жени да бидат покриени во јавност од глава до пети, оставајќи ги само нивните очи видливи и да не излегуваат од дома доколку не е потребно.

Раководството на Талибанците, исто така, им забрани на девојчињата да одат на училиште по шесто одделение и почна да спроведува наредба со која се бара од сите водители на ТВ вестите да ги покриваат лицата додека се на програмата.

Loading...

Во соопштението на Советот за безбедност на ОН, поддржано од Кина, Соединетите Американски Држави и Русија, талибанците ги повикаа да ги променат своите постапки и го повторија својот повик да ги отворат училиштата за сите ученици без дополнително одлагање.