Колку жители има Куманово според Државниот завод за статистика?

Сподели со своите пријатели

Државниот завод за статитстика денеска го објави својот статистички годишник, во кој според нивните податоци во текот на изминатата година во Куманово биле регистрирани 105.484 жители.

Loading...

Во Куманово живеат вкупно 63.746 жители Македонци, 27.290 Албанци, 292 Турци, 4.256 роми, 147 Власи, 9.062 Срби, 20 Бошњаци, а 671 лице припаѓаат на друга национална група.

Во текот на изминатата година во Куманово биле родени 1.085 живородени деца, починале 980 лица, од кои три биле доенчиња. Природниот прираст е позитивен и изнесува 105. Тоа значи дека на секои 1.000 жители се родени просечно 10 деца, а умрени 9 лица.

Во текот на 2018 година склучени биле 631 брак, а регистрирани се 61 развод.

Leave a Reply