Колкава е излеснота во Куманово два часа пред затворањето на избирачките места?

Сподели со своите пријатели

На само два часа пред затворање на избирачките места излезноста во Куманово изнесува 29,65 отсто, што е доста помалку во споредба со последните локални избори одржани во декември минатата година кога заклучно со 17 часот излезноста била 42%.

Досега правото за глас на референдумот го оствариле 26.460 од вкупно 92.691 лица кои имаат право на глас. Од 167те избирачки места во Куманово досега процесирани се 147.

Општина Липково останува на врвот со излезноста во државата каде заклучно последниот пресек правото на глас го оствариле 10.474 лица, односно 41,56 отсто од граѓаните со гласачко право, а чиј број изнесува 25.232.

Старо Нагоричане останува и натаму е со најслаба излезност кај општините. Таму два часа пред крајот на гласањето, статистиката вели дека правото на глас го искористиле 544 лица, односно 16,18 отсто од вкупниот број гласачи.

На ниво на државата гласачкото право го оствариле 29%.

Leave a Reply