Кој всушност стои зад најголемиот грабеж на крипто-валути во светот?

Сподели со своите пријатели

Хакерите, кои стојат зад еден од најголемите грабежи на криптовалути, ги вратиле скоро сите украдени токени во вредност од над 610 милиони долари на Поли нетворк, објави платформата за тргување со виртуелни монети, која беше нападната оваа недела.

Loading...

Платформата Поли нетворк, која беше речиси непозната пред грабежот, го прогласи хакерот за „бел шешир“ откако ги врати украдените валути во својата објава на Твитер, алудирајќи на етички хакери кои вршат напади со цел да укажат на сајбер – ранливоста.

Во пораката од Поли нетворк, која овозможува размена на крипто -валути, се наведува дека токените се префрлени на дигитален паричник кој е контролиран и од оваа платформа и од хакерот.

Единствениот преостанат износ на токени што треба да се вратат се тетери на стабилна монета во износ од 33 милиони долари, која беше замрзната од компанијата за крипто – валута Тетер претходно оваа недела, додаде Поли Мрежата.

„Процесот на враќање се уште не е завршен. Се надеваме дека ќе ја одржиме комуникацијата со господинот „Бел шешир“ со цел да обезбедиме сигурно враќање на средствата на корисниците и да обезбедиме точни информации за јавноста”, објави Поли Мрежа на Твитер.

Неидентификуван хакер тврди дека нападот бил извршен „за забава“ со цел да се „открие ранливоста“ на оваа крипто платформа.