Кој победи во Липково?

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија во текот на ноќта ги обработила сите гласови од вчерашниот прв круг на претседателски избори.

Loading...

Според нивните податоци официјално во Липково победник е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи.

Османи освоил дури 56,66 отсто од вкупниот број гласови, односно за него во оваа општина гласале 5.541 гласач.

Втор е кандидатот на албанската опозиција ВРЕДИ, Арбен Таравари со 3.977 освоени гласови или 40,66 отсто од гласовите.

Од политичарите од македонскиот блок најмногу гласови има кандидатот на СДСМ Стево пендаровски кој освоил 105 гласови.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска има седум гласови, Билјана Ванковска од Левица освоила четири, Максим Димитриевски од ЗНАМ – За наша Македонија има два гласа, а само еден глас има Стево Јакимовски од ГРОМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега

 

Loading...

 

Во Липково вчера гласачкото право го оствариле 7.780 гласачи од 26.024 колку што броел избирачкиот список. Тоа е излезност од 37,58 отсто.

Бројот на неважечки ливчиња изнесува 120.

Никола Ивановски