КК Куманово утревечер се бори за „преживување“

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утревечер ќе бидат домаќини на четвртиот натпревар во рамките на полуфиналните парови од Првата машка кошаркарска лига на Македонија, каде против Карпош Соколи ќе се бори за опстанок во понатамошното натпреварување.

Откако два пати кумановци претрпеа пораз во гости и еднаш победија на домашен терен, уште еден пораз за Куманово би значело крај во понатамошното натпреварување, што значи дека следните два меча изабраниците на Марјан Србиновски мора да ги одиграат со последниот атом сила и да ги израдуваат сите граѓани на Куманово со битка во финалето.

На кошаркарите име е потребна поддршката од публиката, затоа да покажеме дека можеме да наполниме сала без смс пораки, да навиваме цивилизирано, без фрлање тврди предмети кон играчите и да помогнеме КК Куманово да се бори за титулата.